Германската амбасада со важно соопштение за возачите на камиони - баратели на виза

Германската амбасада со важно соопштение за возачите на камиони - баратели на виза

01. 12. 2021.

Германската амбасада во Скопје сподели информација за поднесување на барања за виза за професионални возачи на камиони во рамките на Регулативата за Западен Балкан.

Од амбасадата информираат за сите детали и апелираат барателите да бидат внимателни кога ќе поднесуваат барање понесени од желбата да биде тоа со помалку документи.
 
„Виза може да се додели врз основа на § 26 ст. 2 од Одредбата за вработување (Регулатива за Западен Балкан) како професионален возач на камион, но во секој случаj важат споредбените предуслови за поднесување на виза според § 24a од Одредбата за вработување. Не дозволувајте да Ве понесат погрешни информации и да поднесете барање за виза според Регулативата за Западен Балкан, со надеж дека ќе мора да поднесете помалку документи, стои во соопштението.
 

Повеќе информации погледнете на следниот линк - https://skopje.diplo.de/.../service/visa-einreise/-/2498446