Значи, не е ресторан, не е пицерија, туку обична пекара на брегот на Хвар, а како што изјави сопственикот за „Слободна Далмација“, цените се такви затоа што имаат „таков бизнис план“.
„Тоа е стара цена. Нашиот ценовник го има, убаво кажува се. Има и поскапи. Џамбо пица маргарита – 320 куни, џамбо феферони – 400 куни, а го имате и овој џамбо хвармикс кој доаѓа 480 куни. Различни додатоци одат нагоре. Одлична пица“, рекол сопственикот, одговарајќи на прашањето како може една пица во пекара да чини и до 500 куни.
„Убаво, можно е, тоа е бизнис планот што го имаме. Ова е нашиот бизнис модел. Цените се слободно формирани. Има уште една пекара на метар од мене и пицата е по 30 куни. Тоа парче се вика pizza cut. А на стотина метри има уште една кафеана со пониска цена – 15 куни. Или 20. Секој човек може да избере, некои секој пат бираат различно – објаснил сопственикот и истакнал дека цената „не е грабеж“.
„Тоа не е грабеж. Го имавме најскапото на стартот. Ако пицата беше 30 куни, кај мене е двојно. И никогаш немало проблем“, додал сопственикот кој открил дека работат 24 часа, а најмногу муштерии се странци.
