Работниците во Германија ќе добиваат бонус од 300 евра

Работниците во Германија ќе добиваат бонус од 300 евра

27. 07. 2022.

Работниците во Германија наесен добиваат бонус од 300 евра

Паушалот за цената на енергијата (EPP) од 300 евра има за цел да ги растерети оние групи на население кои вообичаено сносат патни трошоци и кои во оваа смисла се многу оптоварени поради актуелниот тренд на цените на енергијата“, се вели во образложението на Федералната управа на Министерството за финансии.

Покрај самовработените и вработените, 300 евра имаат и оние кои работат mini-job и привремени работници во земјоделството и шумарството. Единствен услов е работната активност да се одржи најмалку еден ден во 2022 година. Работодавачот ја врши исплатата само доколку работникот му потврди дека ова му е прво вработување

Што значи ова за пензионерите? Доколку годинава ја прифатиле работата, ќе добијат и паушал за енергија од 300 евра. Сепак, работодавачот може да ја изврши исплатата само доколку работникот писмено потврдил дека ова му е прв работен однос.

Ова треба да биде случај за повеќето постари лица во малите бизниси.