Оваа чудесна градина, како што кажува и нејзиното име, се наоѓа во делот од градот кој се вика Ел Барша Саут, и отворена е пред девет години, а секоја сезона декоратери ја збогатуваат со различни скулптури.
Од првиот ден станала омилена и многу популарна локација за љубителите на природата, но и за заљубените кои сакаат да го изговорат судбоносното „да“ во окружение налик рајот. Тука може да се видат огромни цветни пирамиди, но и низа куќи кои сочинуваат цело едно соседство прекриено со цвеќиња.
Во градината се наоѓа и најголемиот цветен аранжман на светот, реплика на авионот „Emirates Airbus A380“, направена од повеќе од 500.000 цветови и билки.

Бајковит дизајн го краси секој агол од оваа градина – од гигантски саксии од кои се прелеваат стотици цветови, до ветерници и разни градби.
За да им овозможат на цвеќињата да растат, во оваа градина е инсталиран систем за наводнување кој користи отпадна вода, така што ниедна капка не е фрлена, а дневно се трошат околу 700.000 литри.




