Нова мерка: Бесплатни презервативи за сите помлади од 25 години!

Нова мерка: Бесплатни презервативи за сите помлади од 25 години!

01. 01. 2023.

Презервативите за млади Французи до 25 години сега се бесплатни во сите аптеки низ земјата, додавајќи дека владата на претседателот Емануел Макрон смета дека тоа е превентивна мерка за спречување на несакана бременост и сексуално преносливи болести.

Овој план Макрон го претстави на почетокот на декември и првично беше наменет за млади од 18 до 25 години, но по критиките тој беше проширен и на малолетници.

Мерката за бесплатна контрацепција, вклучувајќи апчиња и спирали, за жени до 25 години е на сила веќе една година, а претходно право на бесплатни апчиња за контрацепција имаа и девојките до 18 години.

Со оваа иницијатива, Макрон се обидува да го реши проблемот со сексуалното здравје кај младите.

За сексуалното образование, Макрон рече дека Франција не се изразила и дека „реалноста е многу, многу далеку од теоријата“.