Турската „Црвена полумесечина“ веќе распореди илјадници привремени објекти во двете земји, кои што се користат како живеалишта за деца, теренски амбуланти и училници за деца.
Претходно, Better Shelter придонесе со 10.000 такви засолништа (развиени заедно со Комисијата за бегалци при Обединетите нации – UNHCR) за употреба во Украина, Бангладеш и Колумбија.

Ваквите модуларни единици се погодни за испорака и поставување, имајќи предвид дека можат да се транспортираат целосно собрани, а се составуваат за само неколку часа без потреба од алатки.
Секое засолниште доаѓа со врата што се заклучува и има инсталирана светилка на соларна енергија. Идејата е да им се обезбеди на луѓето раселени од катастрофата „безбедност и достоинство на нивниот пат кон животот“ кога на крајот ќе се преселат во постојани домови.
„Како што разурнувачкиот ефект на земјотресот дополнително станува евидентен, сосем е јасно дека се потребни наши колективни напори за поддршка на многуте деца и семејства“ – изјави извршниот директор на Фондацијата IKEA, Пер Хегенес.

