
На свеченоста по повод официјалниот старт со работа на новиот објект присуствуваа идниот Премиер и високи претставници на новата влада, сопствениците и највисокиот менаџмент на германската групација, претседатели на комори, како и директорите на зоните и многу соработници и партнери на компанијата од земјата и странство.
Со искусен и посветен тим, компанијата работи на постојано усовршување и развој за да го подобри квалитетот на производите. Компанија е посветена на испорака на најдобрите производи и услуги на своите клиенти како Ванхол, Штадлер, Сименс и Алстом.
Во моментот Киел Македонија работи во делот на сечење, шиење, тапацирање и монтажа, а во новата фабрика делот на производството ќе се збогати и со делот на заварување и фарбара.

Во ТИРЗ зоната во Тетово компанијата има уште два плаца кои ги смета за своја иднина и гаранција за понатамошен раст во Македонија, а за што се подготвени вредно да работат со очекување на зголемување на сегашниот капацитет. Тоа ќе придонесе Киел како компанија која постои повеќе од 75 години во 8 земји, да го задржи приматот на најголем производител на седишта за возови и автобуси во Европа.
