Нема слаткарница, а по неговата баклава лудува Њујорк: Како една случајна идеја стана бизнис
Актуелно

Нема слаткарница, а по неговата баклава лудува Њујорк: Како една случајна идеја стана бизнис

26. 09. 2026.

Она што почнало како шега и начин да заработи некој долар денес е вистински бизнис. Триесетгодишниот Рој Донк стана препознатливо лице на улиците на Њујорк благодарение на баклавата што ја продава низ градот, а неодамна стана вирален и меѓу навивачите на Њујорк Никс.

Донк е основач на брендот „Good Baklava“, а неговата приказна е прилично необична. Наместо да почне со слаткарница, ресторан или голема инвестиција, сè започнало како спореден начин на заработка додека одел на концерти на својот омилен бенд Phish.

Како што раскажал за PEOPLE, претходно работел во професионални кујни, а идејата да продава баклава првично ја сфаќал како шега и личен предизвик. Парите што ги заработувал му помагале да ги покрива трошоците за патувањата – гориво, хотели, билети и храна.

Man Goes Viral for Selling Baklava to Knicks Fans Across NYC

Од концерти до парковите во Њујорк

По неколку години се вратил во Њујорк и почнал да продава баклава во Central Park и Prospect Park.

Тогаш сфатил дека идејата има потенцијал да стане нешто многу поголемо од повремен извор на дополнителна заработка.

Денес неговата баклава се увезува од Турција непечена, а потоа се пече во објект во Њу Џерси, каде што се додаваат сируп и дополнително количество ф'стаци.

Man Goes Viral for Selling Baklava to Knicks Fans Across NYC

Стана хит и меѓу навивачите на Никс

Последниот бран популарност дошол благодарение на натпреварите на Њујорк Никс.

Донк делел бесплатна баклава пред Madison Square Garden, каде атмосферата за време на натпреварите привлекла огромен број навивачи.

За него токму ваквите настани се идеални за неговиот бренд – многу луѓе, еуфорија и нешто сосема неочекувано: човек кој се појавува со баклава.

Баклава бесплатно делел и за време на Њујоршкиот маратон, а за шампионската парада на Никс планирал да пристигне со дури 800 парчиња.

Man Goes Viral for Selling Baklava to Knicks Fans Across NYC

Баклавата го однела и надвор од Америка

Бизнисот во меѓувреме го однел и многу подалеку од улиците на Њујорк.

Со „Good Baklava“ бил присутен и на Coachella, а патувал и во Јапонија, Индонезија и турскиот град Газиантеп – место познато токму по баклавата и ф'стаците што се користат за нејзино производство.

Една од работите што најмногу му се допаѓаат е реакцијата на луѓето. За некои баклавата буди носталгија и спомени од десертот што го подготвувале нивните баби, додека други едноставно се смеат на неочекуваната глетка – човек кој среде њујоршки парк им нуди баклава.

Од идеја започната за забава до препознатлив бренд на улиците на Њујорк, приказната на Донк покажува дека понекогаш добриот бизнис не започнува со деловен план и сопствен локал – туку со едноставен производ и доволно храброст да се проба нешто поинакво.

Man Goes Viral for Selling Baklava to Knicks Fans Across NYC