После повеќе од 60 години Охридскиот Аеродром е легализиран!
Актуелно

После повеќе од 60 години Охридскиот Аеродром е легализиран!

02. 01. 2026.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски сподели дека после повеќе од 60 години, Охридскиот Аеродром е легализиран!

„На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран! Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други владини институции посветено работеше конечно да се впише Охридскиот Аеродром „Св. Апостол Павле“ во катастар и конечно овој стратешки објект да добие имотен лист“, истакна Николоски.

Во нормални услови, како што вели, ова воопшто не би било вест, но после толку години негрижа и запоставување на државниот капитал сметал дека е важно да се запознае јавноста.

„Во следниот период ќе работиме на модернизација и реконструкција на Охридскиот Аеродром со цел да привлечеме нови туристи“, посочи Николоски кој воедно упати и новогодишни честитки за новата 2026 година!

Извор: skopjeinfo.mk