Над 700 илјади граѓани се во работен однос- Неформалната вработеност падна за 10%
Актуелно

Над 700 илјади граѓани се во работен однос- Неформалната вработеност падна за 10%

26. 02. 2026.

Држaвниот завод за статистика денеска објави дека бројот на невработени лица во четвртото тримесечје од 2025 година е намален за 0.4 % во споредба со третото тримесечје од 2025 година, а е намален и за 3.6 % во споредба со истото тримесечје од минатата година.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 57.9 %, а жени 42.1 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0.6 %. Од вкупниот број вработени, 57.8 % се мажи, а 42.2 % се жени.

Учеството на неформалната вработеност се намалува. Неформално вработени лица се 90. 293, што е за 10.3 % помалу од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 45.9 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 16.9 % во секторот Градежништво.

Четврто тримесечје 2025 година
•    Активно население: 800 911 лица
•    Вработени: 709 523 лица
•    Невработени: 91 388 лица
•    Стапка на активност: 52.8
•    Стапка на вработеност: 46.8 
•    Стапка на невработеност: 11.4