Просечната плата во Србија 1 057 евра
Актуелно

Просечната плата во Србија 1 057 евра

26. 02. 2026.

Просечната плата (бруто) пресметана за декември 2025 година во Србија изнесувала 169.921 динари(1.447 евра), додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 124.089 динари(1.057 евра), објави денес Републичкиот завод за статистика на Србија.

Медијалната нето заработка изнесувала 90.819 динари(773 евра), што значи дека 50 проценти од вработените оствариле заработка до тој износ.

Растот на бруто заработката во периодот јануари-декември 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, изнесувала 11,6 проценти номинално, односно 7,5 проценти реално, додека просечната нето заработка била поголема за 11,5 проценти номинално, односно за 7,4 проценти реално.

Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за декември 2025 година е номинално повисока за 14,5 проценти, а реално за 11,5 проценти, додека просечната нето плата е номинално повисока за 14,6 проценти, односно за 11,6 проценти реално.