Важно доколку патувате кон Грција викендов: Обиколницата кај Солун ќе биде затворена
Актуелно

Важно доколку патувате кон Грција викендов: Обиколницата кај Солун ќе биде затворена

11. 06. 2026.

Возачите кои викендов ќе патуваат кон Халкидики ќе се соочат со привремен променет сообраќаен режим поради градежни работи на обиколницата на Солун.

Според најавите, од петок, 12 јуни, од 23 часот, па сè до недела, 14 јуни во 23 часот, истиот дел од патот ќе биде целосно затворен во двата правци.

Во овој период се очекуваат големи гужви и забавен сообраќај низ Солун, а возилата ќе бидат пренасочувани по алтернативни правци.

Градежните активности се дел од големиот инфраструктурен проект „Fly over“, со кој се реконструира сообраќајната мрежа околу Солун. Проектот започна во 2023 година, а неговото завршување е планирано за следната пролет. 

Извор: skopjeinfo.mk