Полицијата заплени 4,1 тони фалсификувани производи од кафе и три тони суровини за време на рација во покраината Лам Донг во централните висорамнини. Полицијата објави дека рацијата во магацинот следела по претресот на камион кој превезувал 1.056 вреќи мелено кафе со тежина од 528 килограми, без придружна документација.
– Лажните производи од кафе не се ретки и можат да се направат од соја или пченка, или дури и од двете. Сојата и пченката се јадливи и многу поевтини од вистинските зрна кафе, но којзнае дали е безбедно да се пијат овие лажни производи од кафе, рече Нгуен Куанг То, трговец со кафе со седиште во соседната покраина Дак Лак.
Земјоделците во Централните висорамнини продаваат зрна кафе за 100.500 до 100.100 донг (3,86 долари) по килограм, што е околу три пати повеќе од цената на сојата.
Виетнам е најголемиот светски производител на робуста, која има горчлив вкус и главно се користи во инстант кафе. Минатата година, Виетнам извезе 1,6 милиони тони кафе во вредност од 8,9 милијарди долари, што е зголемување од 18,3% во обем и 58,8% во вредност, според податоците на владината царина.
