Пообилни врнежи ќе има в недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
УХМР најавува дека утре минималните темпартури ќе се движат од -2 до 6 степени, а максималните од 4 дo 11, а задутре од 0 до 6 степени, односно од 3 до 8.
Од понеделник следуваат минимални температури и до – 5, а максимални и од 13 степени.
Како што најави УХМР, денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Во западните делови ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
