Казни од 30 евра во Грција ако патувате со стариот пакет за Прва помош - Што мора да набавите дополнително?
Актуелно

Казни од 30 евра во Грција ако патувате со стариот пакет за Прва помош - Што мора да набавите дополнително?

17. 04. 2026.

Ако веќе планирате да одите на одмор во Грција по 18-ти јуни и размислувате само на новиот систем за контроли на границите ЕЕС, и ги занемарите другите новини што се воведуваат таму се соочувате со можност за казна од 30 евра. Што мора да набавите во автомобилот пред да тргнете на пат?

Кога станува збор за безбедност во сообраќајот, повеќето возачи се фокусираат на техничката исправност на возилото, гумите и сезонската опрема.

Но, често се занемарува еден клучен елемент – првата помош, која е задолжителна при рутинските проверки.

Нејзината улога е да обезбеди основна медицинска грижа во критични моменти, пред да пристигне брзата помош.

Додека во регионот прописите со години не се менуваат, Грција од 18 јуни воведува значајни новини и проширувања на пакетот за прва помош и ги усогласува стандардите со оние во европските земји.

Во повеќето земји од регионот, авто-аптеката сè уште се базира на основен сет за прва помош, кој не е значително ажуриран со години.

Таа вклучува:

  • стерилни завои и гази
  • фластери и лепливи ленти
  • триаголна марама
  • ножици и сигурносни игли
  • ракавици за еднократна употреба
  • маска за вештачко дишење
  • термо ќебе
  • еластични завои
  • упатство за прва помош

Иако оваа опрема е доволна за основни повреди, експертите предупредуваат дека не е доволно при посложени ситуации, а по 18-ти јуни во Грција за ваков пакет за прва помош може да заработите казни од 30 евра.

По речиси 50 години, грчките власти одлучија значително да ја модернизираат содржината на авто-аптеката, со цел возачите да бидат подобро подготвени за итни случаи.

Новите правила носат значајни подобрувања, особено во однос на заштитата на повредените, но и на лицето што пружа помош.

Извор: faktor.mk