Србија повторно ќе воведе задолжителна воена служба - ќе започне во март 2027-ма
Актуелно

Србија повторно ќе воведе задолжителна воена служба - ќе започне во март 2027-ма

29. 06. 2026.

Oд март следната година, Србија повторно ќе воведе задолжителна воена служба, која ќе трае 75 дена и ќе ги опфати мажите помлади од 30 години.

Оваа одлука ја соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласувајќи дека станува збор за „многу кратка“ воена обука.

Најавата беше дадена на Воениот аеродром Батајница, во близина на Белград, каде што беше организирана голема презентација на воена опрема, вклучувајќи авиони, хеликоптери, ракетни системи и друго вооружување.

Српскиот претседател посочи дека пред официјалниот почеток на регрутацијата, потребно е да се завршат низа административни и логистички подготовки.

Инаку, Србија ја суспендираше задолжителната воена служба во 2011 година, кога премина на целосно професионална армија. 

Извор: skopjeinfo.mk