TOMMY – Лидерот на хрватското крајбрежје ги отвора вратите за македонските кандидати!
Актуелно

TOMMY – Лидерот на хрватското крајбрежје ги отвора вратите за македонските кандидати!

17. 10. 2025.

Tommy d.o.o., еден од водечките национални трговски синџири и апсолутен пазарен лидер на хрватското крајбрежје, оваа година е дел од Регионалниот саем за вработување, кој се одржува онлајн од 14 до 21 октомври.

Со повеќе од 4.400 вработени и над 30 години успешно работење, Tommy е компанија која го гради својот успех врз принципот „задоволен вработен = задоволен купувач“. Овој пристап е клучен за нивниот континуиран раст и високиот квалитет на услугата што ја нудат на своите купувачи низ целиот регион.

Во моментов, Tommy активно вработува кандидати од Македонија за позициите во секторите за малопродажба, логистика и дистрибуција, е еве ги огласите:

Продавач (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање

Магационер во продажен објект (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање​

Месар (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање​

Складиштен работник (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање​

Складиштен работник во ладилник (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање​

Возач на вилушкар (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање​

Компанијата нуди можност за преквалификација и за лица без претходно искуство – идеална шанса за сите кои сакаат да започнат кариера во стабилна и реномирана компанија.

Во последните три години, Tommy инвестираше повеќе од 16 милиони евра во зголемување на платите, со што примањата во малопродажбата и логистиката пораснаа за над 60%. За 2025 година, планирани се дополнителни инвестиции во вредност од повеќе од 10 милиони евра, со цел уште поголема поддршка и мотивираност на вработените.

Сезонските работници кои ќе се истакнат со својата работа имаат можност за продолжување на договорот или вработување на неодредено време, што го прави Tommy компанија која навистина го цени трудот и лојалноста.

Посети го штандот на Tommy d.o.o. на Регионалниот саем за вработување и дознај повеќе за сите можности кои ги нудат!
Дај му нов правец на твојата кариера – започни ја својата професионална приказна со Tommy!

ПОСЕТИ ГО НИВНИОТ ШТАНД