Но, колку навистина заработуваат граѓаните?
Според податоците на MojaPlata.mk, платформа на која вработените анонимно ги споделуваат своите примања, просечната нето-плата во земјава изнесува 47.655 денари.
Разликата меѓу официјалната статистика и податоците добиени директно од вработените покажува дека просечната плата може да се согледа од различни перспективи. Додека ДЗС ги пресметува платите врз основа на официјални извештаи, MojaPlata.mk нуди увид во реалните примања што ги пријавуваат самите граѓани.
Податоците на ДЗС покажуваат дека најголем раст на просечната нето-плата во април е забележан во секторите финансиски дејности и осигурување, снабдување со вода и управување со отпад, како и во трговијата.
MojaPlata.mk им овозможува на вработените анонимно да ги споредат своите примања со платите на колегите од истата професија, индустрија или регион и да добијат подобра слика за својата позиција на пазарот на трудот.
Колку изнесува вашата плата во споредба со пазарот? Проверете на MojaPlata.mk и дознајте дали сте платени под, над или во рамките на просекот за вашата професија.
