Средствата денес ги исплаќаат Стопанска банка Скопје, Халкбанк и Алта банка Битола, па нивните пензионери можат да ги користат парите без да го чекаат редовниот рок.
Од Стопанска банка информираат дека средствата ќе бидат достапни во текот на денот, а може да се подигнат од банкомат или да се користат со платежна картичка.
И Халкбанк потврди дека августовските пензии се достапни за клиентите преку филијали, банкомати, електронско и мобилно банкарство, а за оние кои имаат дадено согласност – и преку поштенските единици.
Алта банка Битола исто така денес ги става средствата на располагање на пензионерите, кои можат да ги подигнат преку банкомати или во експозитурите.
Важно е дека оваа предвремена исплата се однесува само на пензионерите кои пензијата ја примаат преку овие три банки. За останатите корисници, исплатата ќе се одвива според распоредот на нивната банка.
