Вели дека се затвориле сите прашања и забелешки на засегнатите страни од законот. Во однос на отворените страни кои треба да ги обезбедат угостителите тие се намалија од три на две бидејќи таква била инфрастуктурата на угостителските објекти, невозможно било да се обезбеди трета отворена страна ќе морало да рушат, објасни Алиу.
„Има решение покривот да се отвора и тоа да се смета како отворена страна , за неколку секунди ќе се проветри објектот“, кажа Алиу. Уште една новина поврзана со предлог законот е и тоа што угостителите ќе треба да обезбедат засебен влез од местото каде што се пуши.
„Непушачите да можат да влезат во кафаната преку влез во просторија каде не се пуши“, вели Алиу.
Министерството за здравство останува на првичната цел на законот за две години да се преполови процентот на пушачи во земјава кој сега е рекорден 45%.
