Во рамките на East Gate Mall наскоро ќе се отвори HYPR – модерен центар за забава кој на едно место ќе обедини авантура, спорт, рекреација и дружење.
На површина од 9.000 квадратни метри, посетителите ќе имаат можност да уживаат во затворена картинг патека, куглање, ласер таг, escape rooms, аркадни игри, детска зона и бројни други забавни содржини.
Со својот современ концепт, HYPR има за цел да стане ново омилено место за семејни авантури, дружење со пријателите и создавање незаборавни искуства.
Нова дестинација за забава, нови можности за кариера!
Зад секое незаборавно доживување стои тим кој го прави тоа возможно. Токму затоа, во пресрет на официјалното отворање, HYPR го гради својот тим и нуди можност за вработување во динамична, несекојдневна работна средина.
Доколку сакаш да работиш со луѓе, те привлекуваат новите технологии, забавните атракции или угостителството, ова е одлична можност да станеш дел од еден сосема нов проект уште од неговите почетоци.
HYPR вработува на следните работни позиции:
Техничар за картинг
линк за повеќе детали и аплицирање
Рецепционер/ка
линк за повеќе детали и аплицирање
Recepsionist/e
линк за повеќе детали и аплицирање
HYPR Master – Оператор на забавни атракции
линк за повеќе детали и аплицирање
HYPR Master – Operator i atraksioneve
линк за повеќе детали и аплицирање
Бармен/Келнер
линк за повеќе детали и аплицирање
Биди меѓу првите кои ќе ја започнат својата професионална приказна во HYPR и ќе придонесат за создавање нова димензија на забавата во Скопје.
Разгледај ги актуелните огласи, аплицирај и стани дел од HYPR тимот!
Повеќе за HYPR на hypr.center.
