Зад оваа симболика се крие многу посериозна цел: да се поттикнат мажите да зборуваат отворено за своето здравје, да ги надминат стравот и предрасудите и да не ги одложуваат превентивните прегледи. Особено кога станува збор за ракот на простатата, како едно од најчестите малигни заболувања кај мажите, навременото откривање може да направи огромна разлика. Затоа, ноември е потсетник дека одговорноста кон себеси и најблиските започнува со еден едноставен, но исклучително важен чекор – превенцијата.

Свесни за значењето на превенцијата и раното откривање на заболувањата, М КЕШ континуирано се залага за благосостојбата на своите вработени. Веруваме дека вистинската грижа се покажува преку внимание, поддршка и мали гестови кои имаат големо значење.
По тој повод, М КЕШ им посвети посебно внимание на своите колеги преку симболични подароци – како знак на благодарност, но и како потсетник дека грижата за себе е на прво место. Сакаме да ги охрабриме сите колеги да посветат внимание на сопственото здравје и да разговараат отворено за теми кои често остануваат во втор план.

