Додека повеќето возачи ги знаат основните сообраќајни правила, низ светот сè уште постојат закони кои звучат како шега, но навистина се на сила.
Од забрана за возење без маица до обврска да проверите дали има дете под автомобилот пред да тргнете, некои држави имаат навистина необични правила на патиштата.
1. Тајланд – забрането е да возите без маица
Во Тајланд е незаконски да управувате возило доколку сте без маица. Освен што ризикувате казна, властите сметаат дека таквото однесување не е соодветно во јавност.
2. Данска – проверете дали има дете под автомобилот
Пред да го стартувате автомобилот во Данска, според законот треба да проверите дали под возилото нема дете кое можеби спие или се крие.
3. Јужна Африка – предност имаат и ноевите
Во Јужна Африка возачите мора да забават или да застанат кога патот го преминуваат стада домашни животни. Правилото важи и за ноеви, кои често се среќаваат во некои делови од земјата.
4. Онтарио, Канада – лош здив во такси е прекршок
Во канадската покраина Онтарио постои необично правило според кое не смеете да влезете во такси ако имате лош здив. Сепак, ова важи само во недела.
5. Шпанија – резервни очила се задолжителни
Луѓето кои носат очила за вид мора секогаш да имаат резервен пар во автомобилот. Во спротивно може да добијат парична казна.
6. Денвер, САД – црни автомобили во недела?
Еден од најчудните локални закони во американскиот град Денвер вели дека не е дозволено да се вози црн автомобил во недела.
7. Русија – валкан автомобил може да ве чини пари
Во Русија постојат правила според кои возилото мора да биде доволно чисто и регистарските таблички да бидат јасно видливи. Во спротивно може да следува казна.
8. Манила, Филипини – бројот на табличката одлучува дали ќе возите
Во главниот град на Филипини, Манила, автомобилите чии регистарски таблички завршуваат на 1 или 2 не смеат да се движат по патиштата во понеделник. Мерката е воведена за намалување на сообраќајниот метеж.
9. Сингапур – држете дистанца од пешаците
Во Сингапур возачите мора да одржуваат значително растојание од пешаците, правило кое има цел да ја зголеми безбедноста на улиците.
10. Австралија – не свирете без причина
Во Австралија е забрането непотребно користење на сирената. Свирењето е дозволено само кога е неопходно за предупредување и безбедност во сообраќајот.
Иако овие закони звучат необично, повеќето биле воведени поради безбедност, културни навики или обид да се намали метежот. Следниот пат кога ќе изнајмувате автомобил во странство, добро информирајте се за локалните прописи – затоа што некаде може да ве казнат поради валкан автомобил, а некаде затоа што сте заборавиле резервни очила.
