Ќе се пржиме цела седмица – температурите до 38 степени
Актуелно

Ќе се пржиме цела седмица – температурите до 38 степени

27. 07. 2026.

Македонија денеска ја очекува сончево, суво и топло време, со максимални дневни температури од 32 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а услови за врнежи не се очекуваат.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала облачност и температура до 34 степени. Според прогнозите, жештините ќе продолжат и во наредните денови, при што во главниот град температурата ќе се искачи и до 38 степени. Кон средината на следната недела се очекува благо намалување на температурите и мало освежување.

Здравствените власти препорачуваат граѓаните да внесуваат повеќе течности и да избегнуваат престој на директно сонце во периодот од 11 до 17 часот. Посебна претпазливост се советува за постарите лица, хронично болните, малите деца и лицата кои работат на отворено.
 
Извор:prvaskopska.mk