Вредноста пак на објектите кои ќе бидат изградени се проценува дека ќе бидат повисоки за 25 отсто во однос на тие што се граделе во октомври лани. Податоците од извештајот на државните статистичари покажува дека општините потпишале решенија за градба на 1177 станови.
Извештајот покажува дека најмногу одобренија за градба се наменети за високоградба, односно 289. А што се однесува по региони најголем дел од одобренијата за градба се издадени во Југоисточниот регион. За изградба се предвидени 1177 станови. Ова се главните поенти од извештајот на ДЗС.
„Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на Државен пат А2, делница Букојчани Кичево прва фаза, подделница Црвивци-Кичево со должина 6,527 км, кој е со вредност од 44 милиони евра. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 289 (64,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 68 (15,2 %) за објекти од нискоградба и 89 ( 20,0 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 446 објекти, на 247 (55,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 199 (44,6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти“, стои во извештајот на ДЗС.
Од 446 одобренија за градба, како физичко лице инвеститори се јавуваат 247 граѓани, 199 одобренија за градба добиле градежни компании. Податоците велат дека 186 одобренија за градба на граѓани се за намена високоградба, а за таков тип на објекти деловните субјекти добиле 103 одобренија.
По Југоисточниот регион каде што се издадени 139 дозволи, втор на листата е Скопскиот регион со 87 дозволи за градба. Следуваат Полошкиот со 68 и Пелагонискиот со 63. Во останатите региони бројот на одобренија за градба се двикжи од 42 до 20 издадени дозволи за градежни работи.
Во однос на планот за изградба на станови, и покрај тоа што во Југоисточниот регион се издадени најмногу одобренија за градба таму нема да се изградат најмногу станови. Вкупниот број на станови за изградба во овој дел од земјава изнесува 283 нови станбени единици. Во Скопскиот регион е предвидено да се изградат 409 нови станови. Во источниотг регион 155, во Југозападниот 153. Во Полошкиот 128 станови.
