Календар за 2027: Еве кога ќе одмораме и кои празници ни носат продолжени викенди
Актуелно

Календар за 2027: Еве кога ќе одмораме и кои празници ни носат продолжени викенди

06. 10. 2026.

До почетокот на 2027 година има уште неколку месеци, но за сите што сакаат однапред да ги испланираат одморите, патувањата и слободните денови, веќе може да се направи првата пресметка. Следната година неколку празници ќе се спојат со викендот, додека два празника што важат за сите граѓани ќе се паднат во сабота.

Според прелиминарниот календар за 2027 година, Нова година ќе ја започнеме со продолжен викенд.

1 јануари се паѓа во петок, што значи дека заедно со сабота и недела ќе имаме три последователни слободни дена.

Божик, 7 јануари, пак, ќе биде во четврток.

Ова се неработните денови за сите граѓани во 2027 година

Според календарот, празниците што се неработни за сите граѓани ќе бидат:

• 1 јануари, петок – Нова година

• 7 јануари, четврток – Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

• 9 март, вторник – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

• 1 мај, сабота – Ден на трудот

• 3 мај, понеделник – вториот ден на Велигден според православниот календар

• 24 мај, понеделник – „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители

• 2 август, понеделник – Ден на Републиката

• 8 септември, среда – Ден на независноста

• 11 октомври, понеделник – Ден на народното востание

• 23 октомври, сабота – Ден на македонската револуционерна борба

• 8 декември, среда – „Св. Климент Охридски“

Неколку убави продолжени викенди

Добрата вест е што неколку празници во 2027 година се паѓаат токму во понеделник или петок.

Првиот продолжен викенд ќе го имаме веднаш на почетокот на годината – од петок, 1 јануари, до недела, 3 јануари.

Во мај следува уште една добра комбинација. Велигден според православниот календар во 2027 година се паѓа на 2 мај, па понеделник, 3 мај, е неработен како втор ден на Велигден.

Само три недели подоцна следува уште еден продолжен викенд – 24 мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, се паѓа во понеделник.

Летото исто така носи добра можност за кратко патување или одмор. 2 август, Денот на Републиката, е понеделник, па викендот автоматски се продолжува на три дена.

Истото ќе се случи и во октомври – 11 октомври, Денот на народното востание, се паѓа во понеделник.

Два празника ќе се паднат во сабота

Не сите датуми во календарот ќе им одат во прилог на вработените.

1 Мај – Денот на трудот, во 2027 година се паѓа во сабота.

Во сабота ќе биде и 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

За разлика од празник што се паѓа во недела, за празник што се паѓа во сабота нема автоматско префрлање на неработниот ден во понеделник.

Дополнителни неработни денови за православните верници

За граѓаните од православна вероисповед како неработни се предвидени и:

• 6 јануари, среда – Бадник

• 19 јануари, вторник – Богојавление (Водици)

• 30 април, петок – Велики Петок

• 18 јуни, петок – Духовден, петок пред Духовден

• 28 август, сабота – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

Особено интересни се Велики Петок и Духовден, бидејќи и двата празника се паѓаат во петок и за православните верници носат продолжен викенд.

Неработни денови за другите верски и етнички заедници

Посебни неработни денови има и за припадниците на другите верски и етнички заедници во земјата.

Меѓу нив се Свети Сава за припадниците на српската заедница, католички Велигден и Божик, Меѓународниот ден на Ромите, Курбан Бајрам, Националниот ден на Власите, Меѓународниот ден на Бошњаците, Јом Кипур, Денот на албанската азбука и Денот на настава на турски јазик.

Пет продолжени викенди за сите граѓани

Според распоредот на празниците, во 2027 година се издвојуваат пет продолжени викенди за сите граѓани – за Нова година, Велигден, 24 Мај, 2 Август и 11 Октомври.

Тоа значи дека оние кои сакаат навреме да ги планираат патувањата и годишниот одмор веќе можат да ги означат овие датуми во календарот.

Сепак, бидејќи станува збор за календар подготвен однапред, конечната програма на неработни денови треба да се следи преку официјалните објави на надлежните институции.