Минималните температури ќе се движат од 3°C до 8°C
Максималните дневни температури ќе достигнат од 12°C до 17°C
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец
САХАРСКА ПРАШИНА ВО АТМОСФЕРАТА
Поради јужно струење во повисоките слоеви од атмосферата, се очекува транспорт на сахарска прашина од северна Африка кон Балканот. Тоа ќе придонесе за заматено небо и намалена видливост на хоризонтот.
Во комбинација со врнежите, можна е појава на т.н. „валкан дожд“, односно дожд со ситни честички прашина кој може да остави траги на возилата и површините.
Од петок следува стабилизирање на времето, со повеќе сончеви периоди и постепено намалување на концентрацијата на прашина во воздухот.
ВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ
Во Скопје денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе има постепено разведрување.
Поради присуството на сахарска прашина во атмосферата, можно е небото да има жолтеникава нијанса, а врнежите да остават траги од прашина.
Во петок и за време на викендот следува стабилно, претежно сончево и потопло време, со температури до 17°C.
Извор:meteoalarm
