Најтешко ќе биде погодено гејминг одделението, чиј директор, Фил Спенсер, во порака до тимот изјави дека отпуштањата се неопходни за да се зголеми агилноста и ефикасноста на компанијата.
„Денес носиме тешки одлуки за да обезбедиме успех во годините што доаѓаат“, наведе Спенсер.
Иако Microsoft бележи добри резултати во гејминг секторот, менаџментот порачува дека селективното инвестирање е клучно за долгорочна одржливост. Отпуштените вработени ќе добијат отпремнини, здравствено осигурување и поддршка при наоѓање нова работа. Компанијата претходно, во мај и јуни, отпушти повеќе од 6.000 вработени. Во јуни 2024 година, Microsoft на глобално ниво имаше околу 228.000 вработени.
Извор: kajgana.mk
