Најмногу пари, односно 25.156 денари се потребни за храна и пијалоци, а потоа за режиски трошоци односно плаќање вода, електрична енергија, греење, станарина 6.338 денари. За облека и обувки се потребни 5.992 денари, за хигиена 2.665 денари, за здравство 1.185 денари.
За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3.417 денари, за рекреација и култура 5.592 денари, за образование 7.192 денари, за ресторани и хотели 4.131 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.
Ова значи дека на семејство каде двајцата родители се со плати од по 30.000 денари, ќе им недостасуваат над 7.000 денари за да го преживеат месецот за кој се потребни околу 67.382 денари.
Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, минималната синдикална кошница изнесува 82.757 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Граѓаните се жалат на скапотијата и велат дека едвај врзуваат крај со крај.

