Енормно загаден воздухот синоќа во повеќе градови во Македонија
Актуелно

Енормно загаден воздухот синоќа во повеќе градови во Македонија

19. 12. 2025.

Енормно загаден воздухот синоќа во повеќето македонски градови, а измерените концентрации на ПМ-честички (особено ПМ2,5) се такви што се сметаат за опасни и се препорачува луѓето да не престојуваат на отворен простор подолго време.

Прегледот на состојбата со загадувањето на веб-страницата AQIcn.org, откри дека најзагадената точка во Македонија околу 22 часот синоќа била забележана на мерна станица, која се наоѓа во дворот на струмичкото основно училиште „Никола Вапцаров“ и градинката „Детска радост“.

Таму AQI-индексот, кој комбинира повеќе загадувачки параметри, достигнал вредност 339, што се смета за „опасно“ дури и за потполно здравите луѓе.

Незначително помалку загаден бил воздухот и во Кичево, Скопје и Гостивар, каде овој индекс се движи помеѓу 200 и 300.

Во главниот град, критични точки биле Карпош 2, Карпош 4 и Аеродром, каде е забележана вредност на AQI-индексот од околу 250.

Извор: skopjeinfo.mk