Температурите до 25 степени, но и дожд - Какво време ќе имаме денеска?
Актуелно

Температурите до 25 степени, но и дожд - Какво време ќе имаме денеска?

18. 05. 2026.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од два до 11 степени, а максималната од 15 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне 24 степени. 

Извор: skopjeinfo.mk