„Лајка“ заловува скитници низ повеќе урбани скопски општини
Актуелно

„Лајка“ заловува скитници низ повеќе урбани скопски општини

04. 08. 2026.

Екипите на „Лајка“ во текот на изминатата недела спроведоа теренски активности за заловување и третман на бездомни кучиња на повеќе локации низ Скопје.

- Акциите беа реализирани на територијата на општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари и Центар, согласно пријавите од граѓаните и проценките направени на терен, информираа од јавното претпријатие. 

Од ЈП „Лајка“ апелираат граѓаните и понатаму да пријавуваат нетретирани бездомни кучиња кои немаат ушна маркица, на телефонскиот број 071/219-925 или на електронската адреса info@lajka.com.mk.
 
 
Извор:skopjeinfo.mk