SARANTIS Македонија – дел од најголемиот Регионален саем за вработување!
Актуелно

SARANTIS Македонија – дел од најголемиот Регионален саем за вработување!

17. 10. 2025.

Со повеќе од 60 години историја и меѓународно присуство во 13 земји, Sarantis Group е една од водечките мултинационални компании за производи за широка потрошувачка во Европа. Со седиште во Атина и мрежа која опфаќа повеќе од 50 пазари ширум светот, Групацијата претставува синоним за иновативност, квалитет и одржлив раст.

Во Македонија, Sarantis својата приказна ја започна во 1997 година, со отворање на подружницата во Скопје. Денес, Sarantis Македонија е препознаена по богатото портфолио на брендови и силната посветеност на развојот на своите вработени и заедницата.

Нашите брендови
Секојдневието на потрошувачите го разубавуваме со врвни брендови за лична нега, убавина и домаќинство како B.U., Bioten, Carroten, C-THRU, STR8, Fino, Topstar, Tesori d’Oriente, Batiste, Antonio Banderas, Benetton и многу други.
Нашата сила е во луѓето и брендови со душа – производи кои инспирираат доверба и носат вредност во секој дом.

Нашата мисија и визија
Нашата цел е да бидеме најбрзо растечки бизнис во регионот во категориите лична нега, убавина и домаќинство. Сакаме да допреме до што повеќе потрошувачи, нудејќи висококвалитетни, иновативни и одржливи производи.
Се водиме според вредности кои се темел на нашиот успех – извонредност, доверба, скромност, одговорност и грижа за иднината.

Sarantis Македонија на Регионалниот саем за вработување!
Оваа година, Sarantis Македонија со гордост е дел од најголемиот Регионален саем за вработување, кој се одржува од 14 до 21 октомври.


Сакаш да станеш дел од меѓународна компанија со силна корпоративна култура и вредности што навистина се живеат?
Сега е вистинскиот момент!

Придружи се на тимот со ETHOS – тим што верува во извонредност, доверба и одговорност.
Твојата кариера може да започне токму тука, со Sarantis Македонија.

За канцеларијата во Скопје, потребен е:

​Sales Supervisor (m/f)
линк за повеќе детали и аплицирање