Денеска, 1 октомври, времето во Македонија ќе биде претежно ведро и сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утрото ќе биде постудено, со минимални температури кои ќе се движат од 1 до 10 степени, додека во текот на денот максималните ќе достигнат од 19 до 26 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6 степени, а највисоката дневна ќе достигне 25 степени.
Во наредните денови можни и температури под нулата
Според метеоролошките најави, под влијание на поле со висок воздушен притисок, во следниот период ќе преовладува стабилно и претежно сончево време.
Сепак, ведрите ноќи ќе придонесат за поизразено утринско заладување, па на одредени места температурите ќе се спуштаат под нула степени.
За разлика од студените утра, дневните часови ќе бидат релативно топли, со повеќе сонце и пријатни температури за овој период од годината.
Така, почетокот на октомври ќе донесе типично есенско време со големи разлики меѓу утринските и дневните температури – студени утра и значително потопли попладниња.
