Европската централна банка објави јавен конкурс на кој може да конкурираат дизајнери од Европската унија, а со цел да добие нов изглед на еврото.
Рокот за доставување на дизајнот е до 18 август, по што Управниот совет треба да донесе одлука за неколку дизајни. Потоа, главниот збор ќе го имаат мнозинството граѓани – ќе бидат анкетирани за понудените дизајни.
Откако ќе се најде идејното решение, што се очекува да биде кон крајот на 2026 година, банкнотите ќе бидат пуштени неколку години по одлуката, но и откако парите ќе бидат отпечатени.
Насоките кон кои ќе се движи Управниот одбор на Европската централна банка се две: „Европска култура“ и „Реки и птици“.
