Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 12 степни, додека максималните ќе се движат од 11 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник.
На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 литри на метар квадратен за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 литри на метар квадратен.
