Цените, секако, варираат по датум и достапност. Во првата половина од мај можат да се најдат билети за 35–45 евра, додека во втората половина некои датуми достигнуваат и до 90 евра, особено за враќање од Барселона кон Скопје. Сепак, во просек, повратен билет за мај може да се резервира за 70–100 евра, ако се резервира навреме и без дополнителен багаж. Алтернативните рути со преседнување преку Белград или Виена, пак, чинат од 110 до 170 евра во еден правец.
Директната линија Скопје–Барселона ќе сообраќа двапати неделно, секој вторник и сабота, додека за Скопје–Лион се нудат три лета неделно, во вторник, четврток и сабота. Сите летови ги оперира Wizz Air со Erbus A320/321, а времетраењето е околу 2 часа и 50 минути до Барселона и 2 часа и 30 минути до Лион.
Во цената на најевтиниот билет е вклучена само мала рачна торба (до 40×30×20 cm) која оди под седиште. Дополнителен рачен или чекиран багаж се доплаќа според тарифникот на Wizz Air. Патниците треба да внимаваат на овие услови бидејќи багажот може да ја удвои вкупната цена ако не е правилно пресметан однапред.
Првиот лет за Барселона полета на 3 мај со специјална промоција – двајца патници добија бесплатни повратни билети преку наградна игра. Новите линии се дел од субвенционираната програма за проширување на воздушната мрежа и се најавени како достапна и брза опција за патување до Западна Европа, особено за младите и туристите кои патуваат со понизок буџет.
