ЕВН Хоме, како универзален снабдувач со електрична енергија, спроведе тендер за покривање на потребите за периодот од јануари до декември 2027 година, поделен во два лота.
Најповолните понуди ги достави ЕСМ, и тоа:
• За 70 проценти од планираните потреби – 65 евра за мегават-час;
• За преостанатите 30 проценти – 74 евра за мегават-час.
Според соодносот на количините, просечната пондерирана набавна цена на електричната енергија изнесува 67,7 евра за мегават-час.
Од ЕВН Хоме информираат дека тендерската постапка е спроведена под надзор на Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со законските обврски и утврдената методологија.
Колку ќе ги чини струјата граѓаните од 1 јануари?
Иако набавните цени се веќе познати, конечната цена на електричната енергија што ќе ја плаќаат домаќинствата во 2027 година сè уште не е утврдена.
Во наредниот период ЕВН Хоме ќе ги направи потребните пресметки врз основа на утврдените влезни параметри.
Дури по утврдувањето на конечната цена ќе биде познато дали и за колку ќе се променат сметките за електрична енергија на граѓаните во новата година.
