Температурите паднаа за седум степени: Денеска свежо и ветровито низ Македонија
Актуелно

Температурите паднаа за седум степени: Денеска свежо и ветровито низ Македонија

22. 09. 2026.

По потоплите денови, денеска во Македонија следува посвежо и ветровито време. Температурите се пониски за околу седум степени, а во делови од земјата северниот ветер ќе достигнува брзина до 60 километри на час.

Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Во западните планински предели ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места повремено ќе биде силен и ќе достигнува брзина до 60 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат од 16 до најмногу 25 степени Целзиусови.

Во Скопје до 22 степени

Во главниот град времето ќе биде променливо облачно, со периоди на сонце, но свежо и ветровито.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12 степени, а максималната ќе достигне 22 степени.

Нови врнежи во петок и сабота

Посвежото време ќе се задржи и во следните денови. До крајот на неделата се очекува променлива облачност и ниски утрински температури.

Нова промена се очекува во петок попладне, кога повторно ќе започнат врнежи од дожд. Дождот ќе продолжи во текот на ноќта и во сабота, а локално се очекуваат и пообилни врнежи.