Првата позиција за која бараа кандидати Раководител на сектор за финансиски прашања и тоа за Управата за хидрометеоролошки работи. Кандидатите треба да имаат високо образвоение и тоа VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки. Исто така се бара најмалку 5 години работно искуство во струката од кои две години на раководно работно место во јавен сектор, или осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.
Лицето кое ќе биде избрано за оваа позиција ќе добива месечен надомест од 54.420 денари.
Исто толкава плата ќе добива и избраниот кандидат за позицијата Раководител на сектор за испитување на семе, саден материјал, сортна чистота за Државна фитосанитарна лабораторија. Притоа се бара исто така високо образование од областа на Земјоделски и ветеринарни науки - земјоделство, шумарство и рибарство или Земјоделска биотехнологија. Кандидатите кои ќе се пријават треба да имаат најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, или најмалку 8 години работно искуство во струката од кои три години на раководно работно место во приватен сектор.
Се бараат и кандидати за позицијата Помлад соработник за водостопанства и водни заедници во Управа за водостопанство. Заинтересираните треба да имаат високо ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Градежништво и водостопанство, Машинство или Електромашинство. За оваа позиција не се бара задолжително работно искуство, додека платата достигнува 35.744 денари.
Последната позиција за која имаат објавено оглас е Раководител на одделение за односи со јавноста при Сектор за координација и техничка помош на Кабинетот на министерот.
Канидатите треба да имаат VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки. Исто така се бараат најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, илишест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Платата на идниот шеф на кабинетот на министерот ќе достигнува 44.957 денари.
Вообичаено како и досегашните огласи за вработување во државна администрација, меѓу општи услови за сите кандидати се да имаат државјанство на Република Северна Македонија, активно користење на македонскиот јазик, полнолетност, општа здравствена способност и да не им е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност со правосилна судска пресуда.
