Жичницата на Водно денес нема да продолжи со работа
Актуелно

Жичницата на Водно денес нема да продолжи со работа

04. 04. 2026.

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради засилен ветер.

Од таму посочија дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, нагласија од ЈСП и воедно им заблагодарија на граѓаните за разбирањето.

Извор: skopjeinfo.mk