Само тројца луѓе во светот можат да патуваат без пасош – еве кои се
Актуелно

Само тројца луѓе во светот можат да патуваат без пасош – еве кои се

23. 09. 2026.

За преминување државна граница пасошот е неопходен документ за речиси сите луѓе во светот. Сепак, постојат три исклучоци кои поради својата функција не поседуваат пасош како останатите граѓани – британскиот крал Чарлс Трети, јапонскиот император Нарухито и царицата Масако.

Зошто британскиот крал нема пасош?

Причината лежи во начинот на кој се издаваат британските пасоши. Тие формално се издаваат во име на монархот, па би било нелогично кралот самиот на себе да си издаде документ.

Поради тоа, кралот Чарлс Трети може да патува во странство без британски пасош.

King Charles III, the UK's monarch - BBC News

Ова правило, сепак, се однесува исклучиво на актуелниот монарх. Останатите членови на британското кралско семејство мора да имаат сопствени патни документи. Кралицата Камила и принцот Вилијам, на пример, користат пасоши при патувањата во странство.

Истата привилегија ја имаат императорот и царицата на Јапонија

Другите два исклучоци доаѓаат од Јапонија. Императорот Нарухито и неговата сопруга, царицата Масако, исто така не користат пасоши при официјалните патувања во странство.

Јапонскиот император Нарухито ќе пристигне во Велика Британија,  официјалната програма за посетата почнува во вторник - biznisvesti.mk

Оваа практика во Јапонија потекнува од 1971 година, кога било утврдено дека не е соодветно императорот и царицата да поминуваат низ вообичаената постапка за издавање пасоши и визи.

Привилегијата не се однесува на целото јапонско царско семејство. Останатите негови членови при патување надвор од земјата користат дипломатски пасоши.

Без пасош не значи и без контрола

Тоа што тројцата не користат класичен пасош не значи дека можат едноставно да пристигнат на граница и да ја преминат без никаква процедура.

Нивните меѓународни патувања се организираат преку посебни дипломатски протоколи, а властите на земјата што ја посетуваат однапред добиваат информации и потребна документација за нивното пристигнување.

Станува збор за исклучок поврзан со нивниот статус и функција, а не за вообичаено право на патување без документи.