Анализата, која ја вклучува просечната цена на вечера од три јадења без пијалоци, потврдува јасна економска поделба на континентот. Земјите од Југоисточна Европа остануваат меѓу најприфатливите дестинации, додека северна и западна Европа доминираат на листата на најскапи.
На врвот на скалата на цени е Швајцарија, каде што просечната вечера за двајца надминува 107 евра, додека Данска, Луксембург и Норвешка се веднаш зад неа. Во некои швајцарски градови, сметката во ресторанот може да надмине 160 евра.
Од друга страна, Балканот сè уште претставува еден од ретките европски региони каде што одењето во ресторан останува прифатлив дел од туристичкото искуство. Косово, (20,00 евра) Македонија, (24,38 евра) Молдавија (30.32 евра) и Босна и Херцеговина (30,75 евра) нудат најниски цени, додека Србија (38.34 евра) ја задржува својата позиција меѓу поповолните пазари. Во Бугарија е 40.91 евра, Црна Гора 45 евра, а Грција и Словенија 50 евра. Во Хрватска изнесува 60 евра.
Сепак, истражувањата покажуваат дека најниската цена не мора да значи и најдобра туристичка вредност. Патниците сè повеќе бараат дестинации кои нудат рамнотежа помеѓу квалитетот на одморот и трошоците – таканаречената „слатка точка“ на европскиот туризам.
Во таа категорија се издвојуваат Португалија, Шпанија, Грција, Албанија и Црна Гора, земји кои комбинираат развиена туристичка понуда со сè уште разумни цени за угостителски услуги.
