Интеграцијата постепено станува достапна за Android и iOS, а за поголемиот дел од функциите не е потребна посебна ChatGPT сметка.
Најголемата дилема кај корисниците е приватноста. Според Viber и OpenAI, ChatGPT нема автоматски пристап до приватните разговори. Се обработува само содржината што корисникот свесно ќе ја испрати до ВИ, како порака, фотографија, документ или линк. End-to-end енкрипцијата на Viber останува непроменета.
И покрај овие уверувања, на социјалните мрежи и форумите многумина бараат поголема транспарентност околу тоа како се обработуваат податоците и дали тие може да се користат за профилирање на корисниците.
Со оваа интеграција, Viber им се приклучува на Microsoft, Meta и Google, кои веќе ги вградија своите ВИ асистенти во секојдневните комуникациски платформи.
