За нас
Денес во компанијата се вработени повеќе од 280 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.
Стратешките цели на Дени Интернационал се насочени кон зголемување на профитот, континуиран раст и развој на организацијата и проширување на дејноста во соседните држави. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка. Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи – АДР, итн.).
Информатичар
со или без работно искуство
Услови кои треба кандидатите да ги исполнуваат:
- Познавање на англиски јазик
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност
- Поседување комуникативни вештини
- Познавање на платформа на Microsoft
- Поврзување и подесување на мрежна опрема
Работни Обврски:
- Инсталација на оперативен систем Microsoft и други програми
- Инсталација и поврзување на компјутерска опрема: компјутери, монитори, принтери, копири, скенери, телефони и др.
- Инсталација на мрежна опрема и нејзино каблирање
- Основно одржување на компјутерска опрема
- Мониторниг (следење) на опрема во систем сала
- Техничка поддршка за компјутерски системи
Ги покануваме сите заинтересирани кандидати, своите податоци да ги испратат преку полето "Брза Апликација", со напомена за која позиција аплицирате.