Vrabotuvanje.com - Информатичар - Скопје - ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ

За нас

Денес во компанијата се вработени повеќе од 280 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.

Стратешките цели на Дени Интернационал се насочени кон зголемување на профитот, континуиран раст и развој на организацијата и проширување на дејноста во соседните држави. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка. Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи – АДР, итн.).

Информатичар
со или без работно искуство

Услови кои треба кандидатите да ги исполнуваат:

  • Познавање на англиски јазик
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност
  • Поседување комуникативни вештини
  • Познавање на платформа на Microsoft
  • Поврзување и подесување на мрежна опрема

Работни Обврски:

  • Инсталација на оперативен систем Microsoft и други програми
  • Инсталација и поврзување на компјутерска опрема: компјутери, монитори, принтери, копири, скенери, телефони и др.
  • Инсталација на мрежна опрема и нејзино каблирање
  • Основно одржување на компјутерска опрема
  • Мониторниг (следење) на опрема во систем сала
  • Техничка поддршка за компјутерски системи

Ги покануваме сите заинтересирани кандидати, своите податоци да ги испратат преку полето "Брза Апликација", со напомена за која позиција аплицирате.

 
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде