Блажич е специјализирана компанија со седиште во Љубљана која е водечки дистрибутери на кант траки во Европа и ексклузивен застапник на бројни реномирани брендови на репроматеријали за индустријата за мебел за пазарите на Словенија, Европа и Балканот. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Покрај во Словенија, компанијата Блажич е присутна во балканските држави со трговија на големо и мало. Изложбено-продажниот и магацинскиот простор во Македонија се наоѓа во Индустриската зона Визбегово во Скопје, со понуда на широк асортиман на репроматеријали, конструктивен и функционален оков за индустријата за мебел, како и декоративна галантерија за опремување на ентериери.
БЛАЖИЧ Скопје – реномиран европски бренд за репроматеријали за мебел (www.blazic.eu) за својот тим во Скопје има потреба од
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Високо образование- економски факултет VII/1 степен
- По можност поседување на лиценца за овластен сметководител
- Минимум 3 години ефективно работно искуство во струката
- Активно познавање на сметководствени прописи и правни нормативи
- Одлично владеење на MS Office апликации, особено напредни вештини во MS Excel – задолжително!
- Искуство со интегрирани софтверски апликации
- Познавање на англиски јазик (пишан и говорен) + јазици од регион
- Возачка дозвола Б - категорија, активен возач
Одговорности и задачи:
- Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења
- Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
- Администрација на увозно-извозни операции
- Изготвување извештаи, анализа на должничко-доверителски односи
- Следење на законски регулативи и сметководствени стандарди
- Aдминистративно, архивско и канцелариско работење
- Контрола,следење на комплетна документација
- Останати задачи за унапредување на системот
Личен профил:
- Организираност, проактивност, аналитичност
- Нагласена ефикасност и прецизност
- Исполнителност, одговорност и лојалност
- Исклучителни професионални комуникациски (писмени и усмени) вештини
- Етичност, моралност и позитивен став
Работно време: понеделник-петок, слободни викенди
Доколку сте заинтересирани за работното место, Ве молиме доставете ја вашата биографија и писмо за намери преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака “за оглас за Сметководител“.
Напомена:
Без телефонски јавувања!
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.