Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - БЛАЖИЧ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • БЛАЖИЧ ДОО
  • Адреса: Качанички пат бб, Индустриска зона Визбегово, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.blazic.eu
 

 

Блажич е специјализирана компанија со седиште во Љубљана која е водечки дистрибутери на кант траки во Европа и ексклузивен застапник на бројни реномирани брендови на репроматеријали за индустријата за мебел за пазарите на Словенија, Европа и Балканот. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Покрај во Словенија, компанијата Блажич е присутна во балканските држави со трговија на големо и мало. Изложбено-продажниот и магацинскиот простор во Македонија се наоѓа во Индустриската зона Визбегово во Скопје, со понуда на широк асортиман на репроматеријали, конструктивен и функционален оков за индустријата за мебел, како и декоративна галантерија за опремување на ентериери. 
 
БЛАЖИЧ Скопје – реномиран европски бренд за репроматеријали за мебел (www.blazic.eu)  за својот тим во Скопје има потреба од
 
СМЕТКОВОДИТЕЛ
 

Потребни квалификации: 
  • Високо образование- економски факултет VII/1 степен
  • По можност поседување на лиценца за овластен сметководител
  • Минимум 3 години ефективно работно искуство во струката
  • Активно познавање на сметководствени прописи и правни нормативи
  • Одлично владеење на MS Office апликации, особено напредни вештини во MS Excel – задолжително!
  • Искуство со интегрирани софтверски апликации
  • Познавање на англиски јазик (пишан и говорен) + јазици од регион
  • Возачка дозвола Б - категорија, активен возач
 
Одговорности и задачи:
  • Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења
  • Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
  • Администрација на увозно-извозни операции
  • Изготвување извештаи, анализа на должничко-доверителски односи
  • Следење на законски регулативи и сметководствени стандарди
  • Aдминистративно, архивско и канцелариско работење
  • Контрола,следење на комплетна документација
  • Останати задачи за унапредување на системот
 
Личен профил:
  • Организираност, проактивност, аналитичност
  • Нагласена ефикасност и прецизност 
  • Исполнителност, одговорност и лојалност
  • Исклучителни професионални комуникациски (писмени и усмени) вештини
  • Етичност, моралност  и позитивен став

​Работно време: понеделник-петок, слободни викенди

 
Доколку сте заинтересирани за работното место, Ве молиме доставете ја вашата биографија и писмо за намери преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака “за оглас за Сметководител“.
 
Напомена:
Без телефонски јавувања! 
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.  
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде