Винер Лајф е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG), осигурителна групација со седиште во Виена, е една од најголемите осигурителни компании во Централна и во Источна Европа, со околу 29 илјади вработени.
Групацијата е присутна во 30 земји со 50-ина осигурителни компании, а традицијата од 200 години успешно работење, како и значителната финансиска моќ што ја поседува, се гаранција за довербата на повеќе од 28 милиони осигуреници.
Освен како прв избор, кога се работи за производи за осигурување, Винер Лајф сака да биде, исто така, и прв избор за вработување и да ги привлече најталентираните вработени.
Винер Лајф се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти.
Доколку мислиш дека можеш да допринесеш и бидеш дел од нашиот тим, а притоа ги имаш квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈ!
Што нудиме:
- Основна загарантирана плата и простор да заработите дополнително согласно вашата остварена продажба (без лимит)
- Можност за дополнителни бонуси согласно реализација на таргетот
- Трошоци за репрезентација
- Можност за службени патувања, согласно индивидуалниот план за продажба креиран од самиот агент
- Користење на службено возило за продажни состаноци
- Едукација и тренинзи обезбедени од страна на компанијата
- Се цени целокупно работење, однос кон работата и работната околина
Работни задачи и одговорности:
- Анализа на потенцијални клиенти (leads)
- Селекција на контакти и закажување на состаноци
- Одржување на продажни состаноци
- Продажба на животно осигурување
- Одржување релации и грижа за клиенти
Нашиот идеален кандидат:
Од кандидатите се очекува да имаат етички и морални вредности како и комуникациски вештини. Да сакаат работа со луѓе, да ги почитуваат правилата и процедурите, како на компанијата, така и на внатрешната продажна мрежа.
- Претходно работно искуство се смета за предност, не и задолжително
- Образование – ССС и повеќе
- Поседување на возачка дозвола Б категорија – предност, но не задолжително
- Основно познавање на MS Office пакетот
- Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид.
- Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.