Vrabotuvanje.com - Агент за продажба - Скопје - ВИНЕР ЛАЈФ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агент за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИНЕР ЛАЈФ
  • Адреса: 11-ти Октомври бр.25 кат.8 Центар, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.winnerlife.mk

 

Винер Лајф е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG), осигурителна групација со седиште во Виена, е една од најголемите осигурителни компании во Централна и во Источна Европа, со околу 29 илјади вработени.

Групацијата е присутна во 30 земји со 50-ина осигурителни компании, а традицијата од 200 години успешно работење, како и значителната финансиска моќ што ја поседува, се гаранција за довербата на повеќе од 28 милиони осигуреници.

Освен како прв избор, кога се работи за производи за осигурување, Винер Лајф сака да биде, исто така, и прв избор за вработување и да ги привлече најталентираните вработени.

Винер Лајф се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти.

Доколку мислиш дека можеш да допринесеш и бидеш дел од нашиот тим, а притоа ги имаш квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈ!

Агент за продажба
 

Што нудиме:
  • Основна загарантирана плата и простор да заработите дополнително согласно вашата остварена продажба (без лимит)
  • Можност за дополнителни бонуси согласно реализација на таргетот
  • Трошоци за репрезентација
  • Можност за службени патувања, согласно индивидуалниот план за продажба креиран од самиот агент
  • Користење на службено возило за продажни состаноци
  • Едукација и тренинзи обезбедени од страна на компанијата
  • Се цени целокупно работење, однос кон работата и работната околина

 


Работни задачи и одговорности:
  • Анализа на потенцијални клиенти (leads)
  • Селекција на контакти и закажување на состаноци
  • Одржување на продажни состаноци
  • Продажба на животно осигурување
  • Одржување релации и грижа за клиенти

Нашиот идеален кандидат:

Од кандидатите се очекува да имаат етички и морални вредности како и комуникациски вештини. Да сакаат работа со луѓе, да ги почитуваат правилата и процедурите, како на компанијата, така и на внатрешната продажна мрежа.

  • Претходно работно искуство се смета за предност, не и задолжително
  • Образование – ССС и повеќе
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија – предност, но не задолжително
  • Основно познавање на MS Office пакетот
 
 
Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.
 
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да ја испратите на апликацијата преку полето Брза Апликација
 
Апликациите ќе се разгледуваат сукцесивно како што ќе пристигнат. 
Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју.
 
НАПОМЕНА: 
  • Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид. 
  • Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде